Стари долгови на општината се причина поради која во Штип годинава ќе има помалку капитални проекти изјави денес градоначалникот Иван Јорданов.
Во меѓувреме во градот на повеќе места се санираат улици и тротоари за поголема безбедност.
Меѓу останатите поважни проекти е и изградба на крижен тек кај црквата ,,Св. Никола” која на сите учесници во сообраќајот многу често и е проблематично место. Висината на инвестицијата не е утврдена, но средства ќе има.