Фирми треба да вратат 3,8 милиони евра за нереализирани услови од владина мерка од третиот ковид-пакет, покажува извршената ревизија за економските мерки на владата за време на пандемијата. Станува збор за 114 претпријатија кои добиле пари преку програмата за зајакнување на конкурентноста кои заклучно со 31.12.2021 година не завршиле минимум 80 отсто од инвестицијата.