Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против директор на ЈКП „Солидарност“ – Виница. За репрезентации потрошил 35.000 евра.
Пријавениот, во периодот од 01.01.2014 до 22.11.2017, како директор на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ – Виница, без претходно донесена одлука на Управниот одбор и без финансиски план, од буџетот на комуналното претпријатие за репрезентации потрошил сума од 2.249.950 денари, информираат од МВР.
Во истиот период, директорот не презел никакви мерки за наплата на побарувањата, со шо дозволил да застарат ненаплатени побарувања во износ од 32.752.532 денари. Со ова, на Претпријатието, му направил вкупна штета од над половина милион евра.
истрагата посочува дека во овој случај, постојат основи за сомневање за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.