И покрај обезбедените и заклучени врати, во Кочани е евидентирано насилно влегување во трафостаници каде има струја под висок напон. веројатно се работи за обид за кражба на метал, но опасноста од чинот е огромна, првенствено за оние кои таму се дрзнале да влезат. Ништо помали не се ни последиците по снадбувањето со електрична енергија, доколку нешто се оштетело.