Судството е пред нови реформи, но и пред клучната задача да ја врати довербата кај граѓаните за која министерот за правда Никола Тупанчевски потврдува дека кај граѓаните е мала.
Кога судството ќе се докаже дека е во функција на законите и дека конечно имаме чесен суд и чесни судии?
Тупанчевски засега е последниот министер за правда кој повикува и ветува судство со доверба кое кај граѓаните е помало од 10% . Не толку одамна силно беше промовиран т.н. Ветинг, односно прочистување на судството но тој никогаш не беше применет. Исто како и новата методологија за оценување на судиите. Зошто?
Во однос на бројот на судиите во државата, Тупанчевски не се согласува дека судии има малку бидејжи европските стандарди предвидуваат по 21,5 судии на 100 000 жители а Македонија во моментов ги има многу повеќе.