Комплетно се уредува инфраструктурата во Индустриската зона во Карбинци. По изградба на водоводна и канализациона мрежа, од денес се започна и со асфалтирање на улиците.
На увид на градежните активности , се појави и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Индустриската зона во близина на Таринци има пет парцели во вкупна површина од 10. 400 м2 , а од нивна продажба, беше остварен вкупен приход од 3,8 милиони денари.
Според најавите овде ќе се гради угостителско-сместувачки капацитет, фабрика з апреработка на храна и фотоволтаично поле.
Во моментов во општина Карбинци се работи на асфалтирање на други две улици, а во план е и изградба или реконструкција на игралишта во Крупиште, Карбинци и Кучица.