20.2 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Вакцинацијата против морбили ризично ниска. Му се заканува ли на регионот нова епидемија?

Источниот регион, но и Државата можат да се соочат со нова епидемија на морбили, зашто опфатот на вакцинација со т.н. МРП вакцина е ризично нисок.

Во текот на 2020 година се бележи исклучително низок опфат, 63% за прва доза и 68,5% за втората доза, на национално ниво. Опфатот во 2021 година е зголемен така што за прва доза МРП вакцина тој изнесува 70,4%, а за втората доза 80,4 отсто, но сепак не е задоволителен, информираат од Министерството за здравство.

Од друга страна,  за колективен имунитет и сигурна заштита, потребно е процентот на вакцинирани да биде 95, нешто што сега не е случај:

Доколку се дозволи вирусот да влезе кај населението истиот брзо ќе се прошири, бидејќи морбилите се заразна вирусна инфекција која се пренесува преку кивање, кашлање, близок контакт или контаминирани површини.

Поселден пат , епидемија на морбили во регинот имаше во 2019 година, кога во болница завршија не само деца, туку и возрасни луѓе, поради што беа затворени и неколку конфекции. Најпогодени градови беа Виница, Пехчево и Штип.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles