Возач на патничко моторно возило „BMW“ е тешко повреден, откако излетал на регионалниот пат Македонска Каменица – с.Саса. Несреќата се случила рано утринава, а возачот , жител на Македонска Каменица е хоспитализиран во Штипската клиничка болница. Причините за несреќата се утврдуваат.