19 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Случај Малешево: Сопствениците  на имоти и понатаму сметаат дека се оштетени. Бараат решение и јавна дебата

Сопствениците  на недвижни имоти  во заштитеното подрачје Малешево и понатаму се незадоволни и сметаат дека се оштетени . Според нив, ниту една од клаузулите наведени во Статутот за заштитено подрачје, досега не се исполнети.

Реакцијата на сопствениците на имот доаѓа откако од Националното здружение на сопственици на шуми, вчера во емисија на ТВ Стар истакнаа дека , сопственоста и начинот на користење на имотите не се доведени во прашање.

Според Скендерски, слични уверувања тие слушале и порано, но досега , работите во пракса излегувале поинаку. Поради ова, тие бараат конкретно и трајно решение, но и јавна дебата за да ги спротиставата ставовите.

Од друга страна, од националното здружение потенцираат дека сите дилеми и предлози можат да ги кажат во новоформираниот Совет на засегнати страни каде и тие имаат свои претставници и кој е директно вклучен во управувањето на заштитеното подрачје.

Инаку, со Одлука на Влада подрачјето Малешево е заштитено подрачје од 5-та категорија на површина од 11.500 ХА  . Речиси 70 % од него го сочинувата имот во приватна сопственост. Внатре влегувата шуми, пасишта , ниви, овопштарници и  ливади.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,868FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles