Утре се празнува Ѓурѓовден, празник посветен на Ѓорѓи од Кападокија кој пораснал со учењата на Исус, а истовремено изобилувал со многу вештини.
Поради христијанството Ѓорѓи бил измачуван, но никогаш не се откажал од молитвата која му помагала да се извлече од маките на кои го подложувале.
Во регионот Ѓурѓовден се празнува на повеќе места каде се организираат куќни и селски слави. Во Штип граѓаните масовно одат на две свети места, односно познатиот шардаван баши каде се собираат и христијани и муслимани и кај светата вода посветена на Ѓорѓи покрај реката Брегалница.