Нема човек кој не ја вкусил сочната јагода, таа е особено посакувана од децата кои неможат да одолеат на нејзиниот вкус, но и изглед.
Јагодата се појавува во пролет и лето, тогаш е највкусна, но и најбарана. Многу често луѓето сами ја произведуваат како една од полесните култури, но оние кои ги купуваат како да ги препознаат подобрите и поквалитетните.
Иако градскиот пазар во Штип денес изобилуваше со јагоди нивната цена беше дискусија помеѓу граѓаните.
Многу малку луѓе ги знаат корисните дејства на јагодата, но сепак таа е многу корисна.
Тие се употребуваат за лекување на анемија, зајакнување на крвта, а исто така го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Содржат големо количество витамин Ц и железо. 100 грама јагоди ја покриваат потребната дневна доза за витамин Ц. Поради фактот што јагодите содржат фолна киселина, тие го помагаат забременувањето и ја намалуваат депресијата.
Јагодите на градскиот пазар се продаваа по цена од 80 денари за канче кое одприлика во себе содржи 300 грама јагоди.
Другите производи на штипскиот пазар можеа да се најдат по следниве цени: Компир 60 ден/кг, млад кромид 10 ден врзеничка , млад лук 10 ден врзеничка ,домат 100ден/кг , краставица 40 ден/кг , банана 70ден/кг , јаболко 25 ден/кг , лимон 60 ден за кг , зелка 15 ден парче и пиперка 120 ден/кг