Платите во технолошко индустриските зони во Државата за првпат по 15 години го надминаа просекот на плати во националната економија, а просечниот број вработени достигнал 13 650 за разлика од 2020 година кога бил 13 014, соопшти денеска директорот на Дирекцијатата за ТИРЗ, Јован Деспотовски:
Анализите на Дирекцијата, посочуваат неколку причини поради кои е постигнато повисоко ниво на плати во Зоните:
Вкупно 22 компании од ТИРЗ бележат зголемување на бројот вработувања, седум намалување, а пет се со ист број вработени. Во однос на приходите, 24 фирми евидентирале пораст, а осум пад.
18 компании лани оствариле добивка, а 16 компании забележале загуби.
Според Деспотовски, засега гас за работа како енергенс користи само зоната во Штип, додека останатите се уште немаат инсталирано гасоводна мрежа и тие користат други енергенси.