10 компании од Штип во услови на економска рецесија успеваат да прават добар бизнис. Тие ги скокнале сите проблеми и стигнале до просчни 500 евра плата по вработен.
Лидер на оваа успешно друштво е Квенбергер Логистик која е подружница на австриска холдинг групација која е специјачизирана за управување со логистички компании и која резултати за респект покажува и на евтопско ниво.
Оваа компанија имал пораст на приходите за 6,59% и приходната порта лани ја затворила со 11 милиони евра. По неа следуваат Ај Стајл со 5,6 милиони и Лаура ГМБХ со 5 милиони. Последна на листата на најуспешни е Пазал Бреинс со 605.000 профит.
Освен по високи приходи, овие компании целта во оваа година ја постигнале и според платите. Кај сите нив просекот е 500 евра а вистински срекници се вработените во компанијата Ај Стаил каде платите се просечни 54 700 или цели 900 евра.
Во оваа група на фирми просечните плати се следните; Бони интерградба со 37.000 денари плата и Лаура ГМБХ со 36.000. На 10 место на оваа листа е Јофа текст со 30.000 просечна плата по вработен.
Сепак, оваа идилична слика има еден недостатк а тое е нејзната димензија. Имено, со искучок на Квенбергер Логистик, станува збор за компании кои не се масовни работодавачи туку тимови на професионалци кои своите услуги ги наплакаат скапо.