Црна Гора веднаш ќе се приклучи на новиот пакет санкции на ЕУ против Русија, кои се однесуваат на прекин на бизнисот во секторот на недвижности со руски државјани, пишува Побједа. Весникот напоменува дека во Црна Гора Русите се сопственици или косопственици на 19.000 имоти и речиси четири милиони квадратни метри земјиште. Само во првите девет месеци од 2021 година, руските граѓани инвестирале речиси 13 милиони евра во недвижен имот на црногорското крајбрежје.