Грција би била подготвена да испрати оклопни возила од типот БМП-1 во Украина, доколку се обезбеди замена за истите возила, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Според весникот, можноста за итна замена на вооружените системи кои служат „за цврстите потреби на одбраната на земјата е главниот параметар што може да влијае на одлуката на Атина да ѝ отстапи неколку оклопни возила на Украина“.