На Македонија и недостигаат најмалку 6.000 медицински сестри и акушерки. Во моментов, во Државата работат по 300-350 медицински сестри на 100.000 жители , додека здравствените стандарди налагаат нивниот број на 100.000 жители да биде 700.
Поради ова, најголем дел од здравствените институции во Државата, работат со помалку од потребниот среден персонал.
Причини за ова има многу, но најголема е континуираното заминување на средниот медицински персонал.
Најголем дел од медицинските сестри кои го напуштаат македонското здравство се високо остручени кадри за чија едукација се потребнои многу време и вложување.
Само во Штип, годишно дипломираат по околу 70 ученици од струката медицинска сестра/техничар и 20-тина студенти на Високата медицинска школа, но најголем дел од нив, не остануваат овде.
За да се задржат младите, но и веќе докажаните медицински сестри, од матичниот сојуз бараат итно донесување на Закон за медицински сестри, реформи во образовниот сиситем, признавање на квалификациите на медицинските сестри, како и промени во коефициентот, односно бодот за пресметка на сложеност на трудот.
Сево ова, беше кажано денес, на одбележување на неделата на сестринството, како уште еден обид на средниот медицински персонал да гоо сврти вниманието кон проблемите на оваа фела.