300 милиони денари, со ребалансот на буџетот, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе побара од Владата за дополнително развивање на гасоводната инфраструктура,за која смета дека ќе е амортизер на актуелната енергетска криза.
За бизнис секторот, сметките ќе се помали доколку гасот во одделни производствени сектори е доминантен како енергенс.
Општините, исто така гледаат решение во намалување на трошоците.
Од ова место се очекува разгранување на гасоводната мрежа за Штип и неговиот индустриски дел. Сите чинители се со единствена надеж дека за тоа нема да помине подолг временски период, бидејќи секому е во полза, гасот да е замена за скапата струја и фосилни горива.