Словенечкиот претседател Борут Пахор за в петок ја закажа конститутивната седница на Националното собрание, откако го доби извештајот за официјалните резултати од општите избори на 24 април. Најголема пратеничка група во новото собрание ќе биде Движењето за слобода на Роберт Голоб, кое освои 34,45 отсто од гласовите и со тоа 41 место во 90-члениот парламент, во кој има и двајца пратеници од малцинствата.