Во Црна Гора ќе бидат уништени 80.000 дози вакцини против вирусот корона поради истек на рокот на траење, соопштија од подгорички „Монтефарм“. До крајот на јуни, од истата причина и со досегашното темпо на вакцинација, може да бидат пратени на уништување повеќе од 100.000 дози вакцини „фајзер“. Од околу милион дози вакцини од различни производители кои државата ги набави во текот на минатата година, околу 150.000 се проследени на уништување поради истекување на рокот на траење.