Бугарскиот министер за иновации и раст, Даниел Лорер, денеска изјави дека владејачката коалиција постигнала договор за Националниот план за воведување на еврото. На речиси тричасовниот експретски совет, свикан од министерот Асен Василев, тие се договориле датумот за официјален почеток на употребата на еврото во Бугарија да остане 1 јануари 2024 година, а за планот да почне да расправа Народното собрание на Бугарија.