Победникот на словенечките парламентарни избори и иден премиер Роберт Голоб најави дека ќе го оспори назначувањето на 15 амбасадори чие именување го иницирала владата во заминување на Јанез Јанша. Доколку претседателот Борут Пахор ги одобри 15-те амбасадори, блиски соработници на премиерот Јанша, нашата партија Движење на слободата ќе покрене постапка за да се сменат, рече синоќа Голоб на јавна трибина.