ЈП – ја трпат големи удари од енергетската криза и се во најтешка ситуација од нивното постоење. Цената на струјата и останатите енергенси , менаџерските тимови ги тераат да мислат брзо и рационално.
За првпат, по многу години , прстот се вперува во рационализирање на бројот на вработени, со акцент на администрацијата.
ЈП „Исар“ – Штип во моментов има околу 300 вработени и идната стратегија на вработување е исклучиво на теренскиот кадар. Вработувања во администрацијата не се планира.
Речиси идентично решение од длабоката криза се бара и во ЈП„ Брегалница“ од Делчево.
Во моментов, тешката ситуација , веројатно, се отсликува во ЈП „Солидарност“ од Виница каде проблеми има повеќе отколку кај другите. Таму, долгот достигна 70 мил. денари. Пари нема за плати, здравствено осигурување, струја и други основни трошоци, но бројот на вработени од доаѓањето на новата власт е зголемен.
За деновите што претстојат, вработените се подготвуваат за штрајк, а градоначалникот Миле Петков и директорот Илија Јованов како мислат да го решаваат проблемот, не откриваат.
Во Источниот регион има 11 јавно комунални претпријатија со околу 1.500 вработени.