Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска предложи промена на пристапот на Европската унија кон БиХ, односно брзо доделување кандидатски статус на земјата, по што ќе инсистира на спроведување на предусловите поставени од Европската комисија за БиХ во 2019 година. Според Пахор ,политичката стабилност е предуслов за економски развој и дека регионот на Западен Балкан останува област на политичка нестабилност.