Бугарскиот премиер, Кирил Петков, за време на посетата во Соединетите Држави договорил реални испораки на течен природен гас за Бугарија по цени пониски од оние на руската компанија „Газпром“. Петков и американската потпретседателка Камала Харис Харис разговарале и за стратешкото партнерство меѓу Софија и Вашингтон и за можностите за продлабочување на соработката во интерес на двете земји.