1,5 милиони денари е вреден новиот спортско рекреативен центар во штипската населба Железничка. Од денеска жителите може да го користат.Со ова, општинските власти го исполнија нивното барање од постоење на ваква спортска содржина.
Граѓаните не го криеа задоволството, што конечно имаат место каде да рекреираат.
Повеќегодишното барање на штипските железничари, за изградба на нова канализациона мрежа за неколку месеци ќе биде исполнето, најави градоначалникот Јорданов.
Вакви инвестициски чекори на општината се најавуваат и во останатите пригардски населби на Штип.