Само два автобуса се врската на четири општини од Регионот со остатокот на Државата. Дневно, кон некои општини оди само еден автобус, кон некои – ниеден.
Ова е огромен проблем за околу 35.000 жители од Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица кои имаат голема потреба да стигнат до Скопје, Штип или Кочани, на пример , но можностите за тоа им с екрајно ограничени.
Од Здружението на превозници , веќе извесен период се обидуваат да најдат решение за овој проблем, но сите нивни напори, досега не ги дале очекуваните резултати.
Инаку, проблемот со автобуските линии започна со кортона пандемијата кога бројот на патници се ограничи на 50, односно на 70 % од капацитетите. Ова за превозниците беше нерентабилно и неодржливо, па тие ги укинаа линиите и оттогаш се уште не се вратени.