Самостојниот синдикат за образование, наука и култура и Министерството за образование и наука денеска во седиштето на Синдикатот одржаа уште една средба за преговори за повисоки плати и за колективните договори во основните и средните училишта во рамки на новиот десетдневен рок за усогласување на отворените прашања со посредство на помирувач. По двочасовната средба не беа соопштени детали од средбата, а нова средба СОНК и МОН ќе имаат в петок.