Штип е еден од важните градови за Италија за секаков вид на соработка, а пред се од економски и образовен аспект,истакна при денешната посета на Штип, италијанскиот амбасадор во Македонија Андреа Силвестри.
Во разговор со градоначалникот Иван Јорданов се разгледа иницијативата за воведување на италијанскиот јазик како изборен предмет во основното и средно образование.
Идејата за воведување на италијанскиот јазик како изборен предмет наиде на подршка од УГД, каде на Филиошкиот факултет работи катедрата за италијански јазик и книжевност. Ова мегудругото се слушна на средбата на Силвестри со рекоторот Блажо Боев и деканот Драгана Коцева Кузмановска.
Освен образованието, неколку години во штипската индустриска зона работи и италијанската фабрика Кондево со најава за проширување на производствениот капацитет.