Нови две извршни решенија за долг од над два милиони денари ја блокираат сметката на општина Чешиново Облешево. Станува збор за средства кои претходната локална власт требало, а не ги платила за реализација на два општински проекти:
Нов извршен долг од 1.247.774 ден. од фирмата Турбоинженеринг за „Изградба на крак на канализационен систем во с.Соколарци“ и дополнителни 1.019.323 од кои 784.621 за проект „Реконструкција на селски чешми“ и 234.702 за „Изградба на бунар со цевковод за подобрување на водоснабдувањето во с.Спанчево“ повторно ја блокираат општинската каса, информираат од Општината.
Судски постапки , извршни решенија, блокада на сметката на општината се причините кои оваа мала општина ја искачија на врвот на најзадолжена општини во регионот.
При преџземањето на должноста, новиот градоначалник Далибор Ангелов, се пожали дека наследил долг од 34 милиони денари, што претставува дури една половина од основниот буџет на Општината.