Почнува сезоната на летните зеленчуци и овошја, меѓу кои најзастапени се пиперките кои денес изобилуваа на штипскиот пазар. според нашата традиција, ниту една македонска кујна не може да се замисли без нив.
Истото го потврдуваат и оние кои произведуваат и продаваат, пласманот е голем а варијации во цената ќе има.
Сепак за овој период од годината цената на пиперките е прифатлива и за купувачите.
Пиперките дефинитивно се вбројуваат во најзастапените зеленчуци на нашите трпези. Македонија има особено погодни почви за култивирање на високо-квалитетни сорти пиперки, како феферони, бабури, чили, зелени пиперки, ајварки итн. Сите сме слушнале дека пиперките се можеби најбогатиот природен извор на витамин Ц. Побогати и од лимонот и портокалот.
Освен пиперката на штипскиот пазар се бараше од секој вид на летен зеленчук и овошје, а цените беа следни:
Компир 50 ден/кг, млад кромид 15 ден врзеничка, млад лук 15 ден врзеничка, домат 100 ден/кг, краставица 30 ден/кг, банана 65 ден/кг, јаболко 20-40 ден/кг, лимон 60 ден/кг, зелка 15 парче и пиперка 100 ден/кг.