Викендов се игра последното коло во првата фудбалска и двете втори лиги. Од сите средби, секако дека најинтересната ќе е дуелот во Кратово, помегу Силекс- Воска. Силекс веќе обезбеди место во првата лига, но сега ќе мора да ги потврдува квалитетите и против Воска, екипа која претендира за второто место и баражот. Во рамкките на ПМФЛ, штипска Брегалница гостува на Скопје од Скопје. Се очеккува победа и зацврстување на петтата позиција на табелата.