21.7 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Синдикатот  против неделната работа во туристичките места

Сојузот на синдикатите на Македонија денес излезе со остра реакција по најавите дека Министерството за економија ќе побара од Владата да дозволи трговските објекти на мало во туристичките места, да смеат да работат и во недела.

Според нив, работата на објектите во туристичките места, веќе е регулирана со Законот за трговија и Законот за работни односи и според нив,  најголем број од работниците, вклучително и на работниците во трговијата, се слободни и не треба даработат во недела. Можност да работат им е оставена на  сопствениците.

Не смее заради тоа што газдите почувствуваа што значи да се работи во недела да им се ускрати таквото право, и повторно да се дозволи работниците да им работат, а тие да одмараат“, велат од ССМ.

Притоа, од ССМ потсетуваат дека со законските измени е  обезбедена  можност специјализираните продавници или киосци во туристичките места под услови утврдени со закон да можат да работат.

На овој начин сметаме дека се покриени сите потреби на туристите во туристичките места од аспект на трговските услуги, со тоа што потсетуваме дека овие работници кои ќе бидат ангажирани за работа во недела имаат право на додаток на плата за работа во недела и за празници најмалку во висина од 100 отсто за секој час поминат на работа, како и право на неделен одмор во друг ден од неделата, велат од ССМ.

Оттаму најавија и големо работничко незадоволство, зашто за најавениот предлог Закон од Министерството за економија нема  социјален дијалог, што според Синдикатот, претставува потценување на претставниците на работниците и работниците во целина .

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles