На денешната нова преговарачка средба помеѓу СОНК и Министерството за образование и наука нема понуден нов процент за повисоки плати во образованието. Тема на преговарите се колективните договори за основно и за средно образование. За нова финансиска понуда ќе се разговара на почетокот на идната недела, информира министерот Јетон Шаќири.