15.5 C
New York
Saturday, September 30, 2023

Buy now

spot_img

Жителите на Блатец на протести и блокади. По ниедна цена не сакаат хидроцентрала на реката од која пијат вода

Со жив штит жителите на едно од најголемите винички села Блатец, застанаа во одбрана на реката Блатешница, а против изградната на малахидроцентрала.

На блокада на патот итие излегоа откако на терен, започнале предградежните активности за изградба на централата.

Водата од Блатешница го надополнува водоводот од кој овдешните жители пијат вода. Нивниот водовод се наоѓа на трасата на цевководот долг 3 километри за потребите на хидроцентралата, што за нив е аларм дека селото може да остане без вода.

Поради ова, тие се одлучни во најавите дека по никола цена нема да дозволат изградба на хидроцентрала на реката од која пијат вода.

За проблемот на жителите од село Блатец, ТВ Стар одговор побара и од градоначалникот Миле Петков.

Концесијата за изградба на мала хидроцентрала на Блатешка река е издадена во 2012 година. Под притисок на жителите на Блатец, во 2017 година, тогашниот концесионер се повлече од намерата з аградба, но сега на терен е друг концесионер кој ги започнува градежните работи

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,875FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles