Жителите на Кочани плаќаат највисока цена на водата за пиење во држвата. Во моментов, таа е 43,92 денари за 1.000 литри и е зголемена за 10,02 отсто во спореба со 2020 година стои во Извештајот на Регуларорната комисија за енергетика.
Оваа цена е највисока во држвата споредена со општините со над 10.000 жители. Зошто Кочани го има приматот на најскап град за водата?
Во оваа категорија на водоснабдителни компании, меѓу повисоките цени за метар кубен вода плаќаат и жителите на Свети Николе, каде цената изнесува 38 денари за метар кубен и се зголемила за 8,5 проценти.
Од Регулаторната комисија велат дека формирањето на цените е рамковно и тоа е на праделог на даватеите а услуги.
Регулаторната комисија за енергетика го утврдува опсегот во кој можат да се движат тарифите за водната услуга, додека пак на предлог на давателите на водните услуги, крајните тарифи по категории на корисници ги одобрува Советот на општината на чие подрачје се дава водната услуга.
Сепак, освен покажување, кај цените на водата ума и намалување но тоа не се случило во ниту една општина од Источниот регион каде во споредба со другите и се плакаат високи цени. Еве зошто.
Убедливо најниска цена за вода за пиење во целата држава имаат жителите на Маврови Анови каде за метар кубен се плаќаат само 2,48 денари. Веднаш зад нив се жителите на Боговиње кои пак за истата количина плаќаат 7,5 денари. Меѓу најниските цени за вода за пиење за своите корисници имаат и „ЈКП Гази БАБА-2007“, кои цената ја дефинирале на 11 денари за метар кубен, велат од Регулаторната комисија.
Освен што имаат багателни цени на водата за пиење, во овие општини исклучително е мал и процентот на наплата. Многу помал отколку, на пример, општините во Источниот регион.
Обезбедувањето водните услуги во Македонија го спроведуваат 77 ЈП а во Источниот регион нив гима 11. Покрај водните услуги, дел од јавните комунални претпријатија нудат и услуги за собирање и одведување отпад, услуги за зелени пазари, услуги за паркови и зеленило, одржување на гробишта и други јавни услуги.