3.8 C
New York
Sunday, December 4, 2022

Buy now

spot_img

Можни се нови антикризни мерки, вели министерот  Бесими.

Преку реструктуирање на буџетот ќе се направи простор и за евентуални мерки кои ќе помогнат во надминување на кризата. Секаде каде што може, ќе се крати со ребалансот, на кој веќе се работи, пишува во својата колумна министерот за финансии, Фатмир Бесими посочувајки  дека тековната криза е афтершок од пандемијата и како таква би требало да биде послаба од првичниот удар.

Во Министерството за финансии веќе се одвиваат консултации со институциите за степенот на реализација на проектите и тековните расходи. Она што со сигурност како министер за финансии можам да го кажам е дека ќе бидеме максимално конзервативни, секаде каде што може – ќе се скрати. На тој начин ќе се направи повеќе простор за нови реакции и мерки, кои со оглед на ситуацијата, најверојатно ќе бидат повторно потребни, пишува Бесими.

Министерот за финансии посочува дека досегашниот одговор на Владата на тековната криза е еден од најсилните во регионот.

Од почетокот на кризата, одговорот на Владата изнесуваше 615 милиони евра за мерки за поддршка на економијата и граѓаните. Оваа сума е меѓу најсилните одговори на кризата во регионот. Хрватска има издвоено околу 635 милиони евра, Грција 500 милиони евра, Словенија и Албанија предвидуваат по околу 200 милиони евра итн,  истакнува Бесими.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,596FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles