Соборот на СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ со т.н. Македонска православна црква, односно „Охридска архиепископија“, јавува Н1. Од таму соопштија дека се поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, најшироката можна автономија и целосна независност на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, доделена во 1959 година. Во дијалогот за нивниот иден, а можеби и конечен канонски статус, СПЦ ќе се води само и исклучиво од еклисиолошко-канонски и црковно-пасторални принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитички, геополитички, црковно-политички“ и други слични факти или еднострани иницијативи и не подлежат на ничии влијанија или притисоци“, соопштуваат од Соборот на СПЦ.