Претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев коментира дека гласањето недоверба од страна на ГЕРБ не и пречи на владејачката коалиција во државата. Ова е нормална собраниска процедура, додаде тој. Во врска со нискиот рејтинг на Народното собрание на Бугарија , Минчев рече дека се направени некои важни чекори, како што е затворањето на специјалната правда, а кога ќе се завршат другите цели, луѓето ќе видат реални резултати, кои ќе ја вратат довербата во Народното собрание. Никола Минчев очекува на крајот на овој месец или на почетокот на следниот во бугарскиот парламент да има предлог-закон за реформи во антикорупциската област