Вкупно 5 кандидатури за нов ректор на Универзитетот Гоце Делчев од Штип се поднесени на првиот ден од објавувањето на конкурост за избор на нов ректорт.
Според информации на ТВ Стар, интерес да го заменат Блажо Боев на ректорската позиција покажеле Дејан Мираковски актуелен декан на Машинскиот факултет , Емилија Јаневиќ Ивановска од Медицинскиот факултет, Зоран Панов од Факултетот за природни и технички науки, Владо Гичев и Татјана Пачемска Атанасова, двајцата од Фак. за информатика .
Јавниот конкурс доаѓа по истекот на мандатот на сеганиот ректор Блажо Боев кој во два мандата управуваше со Универзитетот.
Новиот ректор ќе биде со мандат од три години и тоа од 15 септември 2022 до 14 септември 2025.
Ова ќе биде трет ректор на УГД, откако претходно првиот ректор Саша Митрев и сегашниот Блажо Боев беа избрани во два мандата.