11.5 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Со 3 милиони евра гран, ќе се реконструираат 30 спортски сали во училиштата

Три милиони евра грант, обезбеден преку Банката за развој при Советот на Европа, ќе овозможат комплетна реконструкција на 30 училишни спортски сали во Државата и набавка на спортска опрема и реквизити за 50 сали во основните училишта.

Средстават од грантот треба да се искористат до мај 2024 година.

Инвестициите во образованието се едни од приоритетните проекти на Банката за развој при Советот на Европа.

Банката за развој при Советот на Европа досега во четири наврати, со два гранта и два заема, обезбеди средства за подобрување на условите во образовните установи во земјава. Ова е трет грант неповратни средства, претходните два беа во вкупен износ од три милиони евра.

Во рамки на проектот, како што соопшти министерот, досега се изградени 97 училишни спортски сали, 30 се во градба, а во реконструкција се повеќе од сто училишни објекти.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles