Општинското средно училиште ,,Ацо Русковски” изминатиот период го искористи за уредување на сите пристапни патеки до училиштето и подобрување на условите за движење на учениците. Со реконструкција на пристапните патеки во средното училиште, ќе се подобрат условите за учење, а училишниот двор добива нов, современ лик. За реконструкција на пристапните патики од Буџетот на училиштето ќе бидат потрошени 827.600 денари.