15.1 C
New York
Saturday, October 1, 2022

Buy now

spot_img

Забавен развојот на житарките, земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер, предупредуваат агрометеоролозите

Влажниот бран што ја зафати земјава е идеален за развој на болести, штетници и плевели во земјоделството, а силниот ветер кој се очекува некаде да надмине и 60 километри на час, може да предизвика сериозни штети, предупредуваат агрометеоролозите.

Според нив, поради малиот број врнежи и високите надпросечни температури, житните култури заостануваат во развојот, а тоа ќе влијае и врз приносот.

Температурата на почвата на длабочина од пет сантиметри, во наредниот период се очекува да се движи од 19 до 28 степени целзиусови.

Земјоделците да преземат соодветни мерки за заштита на културите од силниот ветер кој наредните денови во некои региони ќе надмине 60 километри на час. Временските услови во наредниот период ќе влијаат и на развојот на болести, штетници и плевели. Затоа се препорачува, кога временските услови тоа ќе го дозволат, да се искористи за заштита на земјоделските култури, велат агрометеоролозите.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles