Одгледувачите на свињи бараат почачување на производна цена на месото за 50 %. Во моментов производната цена е 100 денари за килограм жива мера. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи, Гоце Сарафимов вели дека одгледувачите бараат производната цена на свинско месо да изнесува 150 денари.
Од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство , одгледувачите на свињи добија субвенции од 1.500 денари за продаден товеник, за месеците февруар, март и април, но и покрај ова, бројот на свињи се намалува.
Сарафимов истакна дека трендот на намалување е почнат во велешкиот регион, каде што во три фарми е намален бројот на мајки.