Најголеми шанси да биде нов премиер на Србија има актуелниот министер за финансии Синиша Мали, а во игра се уште три имиња од Српската напредна партија , пренесе „Бета“. Според денешното издание на „Вечерње новости“, повикувајќи се на свои информации, станува збор и за Ана Брнабиќ, Милош Вучевиќ и Горан Весиќ. Најмалку шанси да биде нов српски премиер има заменик-градоначалникот на Белград Весиќ, пишува „Новости“.