Уапсен 37 годишен виничанец. При претрес во домот и просториите во Виница, кои што ги користел, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени ампули со кафеава прашкаста материја. Виничанецот е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.