14.7 C
New York
Thursday, September 21, 2023

Buy now

spot_img

Градоначалниците  пред граѓаните да одговараат со функцијата. Доколку не го остварат ветеното, предвреме да бидат разрешени, предлага правниот експерт Тања Каракамишева

Времето на неодговорност и бескрајна политичка слобода за градоначалниците и другите избрани функционери  веднаш да заврши, предлага експертот по право и универзитетски професор Тања Каракамишева.

Според неа, функционерите длабоко забраздиле во неодговорност кон бирачите и за тоа треба да платат.

Секој избран функционер треба да подлежи на институтот отповикување, односно овој институт мора да биде достапен за граѓаните кои секогаш треба да го имаат последниот збор. Немањето политичка одговорност на избраните функционери доведува до опасност од „залежување“ на градоначалниците, пратениците и другите директно избрани функционери без да се грижат многу за граѓаните и нивните потреби, кажа за ТВ Стар професорката Каракамишева.

Предлогот на Каракамишева за граѓаните одамна требало да биде закон, бидејќи политичарите многу често свесно довербата ја злоупотребуваат.

Интересно е што во Законот за локална самоуправа од 1996 година имаше законска одредба со која беше предвидена постапка за отповикување на градоначалници. Во Законот за локалната самоуправа од 2002 година таа одредба беше избришана и практично, оттогаш до денес граѓаните немаат законска можност за покренување постапка за отповикување на градоначалници или на други избрани функционери во земјата.

Предлогот на Каракамишева е добар за граѓаните, но што за него мислат актуелните градоначалници.

Според сегашното законско решение, градоначалник може да се отповика само во случај ако поднесе оставка; во случај на смрт; ако е осуден на казна затвор над 6 месеци, ако е лишен од деловна спосбност, ако настапи неспоивост на функцијата или ако е неоправдано отсутен повеќе од 6 месеци.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,868FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles