21.7 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Законот за неработна недела не ја издржува реалноста. Во недела на работа се вракаат нови   дејнсти.

Законот за неработна недела се судрува  со реалноста  и е пред измени бидејки  пратениците од  собраниското мнозинство  доставија Предлог  измени со кои се додаваат уште шест дејности кои ќе може да работат во недела.

На овој начин,  им се излегува во пресрет на занаетчиите и на производството на масло за јадење.

Така, на листата се внесува занаетчиската дејност, но само за трговци поединци и физички лица запишани во посебен регистар но  се додаваат дејностите производство на масла и масти а истипи пакет измени ги содржи и   дејностите  производство на цемент, вар и гипс и производство на цигли, ќерамиди и производи од печена глина за градежништвото.

Во денот недела се враќа и откупот на земјоделски производи и производство на винo, само во процесите поврзани со прием, обработка и процесирање на грозје и гроздова каша, ферментација, стабилизација, филтрација, анализа  и следење и техничка и енергетска поддршка на овие процеси.

Во декември 2021 година, со воведувањето на неделата како ден на неделен одмор за сите, беа дефинирани дејностите кај кои работата е од таква природа, што не може да се прекине поради техничко – технолошкиот процес и потребата од континуитет во работата.

Со започнувањето на примената на законот, беше увидено дека листата на дејности треба да се дополни со други дејности согласно истите критериуми, односно со потребата и во други дејности да се работи во утврдениот ден за неделен одмор, со цел да не дојде до големи финансиски загуби на одделни правни субјекти“, се вели во оправданоста на овие законски измени.

Од Занаетчиската комора поднесоа барање да се прошири листата на дејности што ќе може да работат во недела, бидејќи се стравува оти некои дуќани би можеле целосно да прекинат со работа доколку неделата остане неработен ден. Претставниците на Занаетчиската комора претходно посочија дека дека барање за да работат во недела имаат поднесено повеќе услужни дејности, како што се фризер, декоратер на настани, шминкер, цвеќар, поправка на апарати за домаќинствата итн.

Министерството за економија минатата недела достави до Собранието предлог за измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се дава предлог во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles