Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесува 31.080 денари и во однос на март лани е зголемена за 10,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, на зголемувањето исплатена нето-плата во секторите: Финансиски и дејности на осигурување, Уметност, забава и рекреација и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна .