Општина Македонска Каменица започна со асфалтирање на локалниот пат во маалото Албанци во село Тодоровци кој е во вкупна должина од околу 1,5 километри. Со изградбата на овој асфалтен пат комплетно се решава патната инфраструктура во ова село, по што ќе пристапи кон уредување на патиштата во останатите рурални средини за што веќе се извршени мерења и се подготвува потребната документација.