Во екот на свестки недостиг на храна, кога домашното произбодство е поважно од кога и да е, земјоделците од Овчеполието најавуваат лоша жетва на пченицата . Лебното жито од најголемата житница во источниот регион на неполн месец пред стартот на жетвата, не ветува полни амбари.
Најоптимистичките предвидувања се дека проиносите ќе бидат одвај еден до еденипол тон по ХА, што е катастрофално малку .
Сегашната состојба е последица на долгогодишната негрижа кон земјоделството и проблемите со кои земјоделците се соочуваат, тврди Стојчов.
Според него, ниту интевентните мерки, ниту светската криза за храна, не ги поттикнаа земјоделците од овој крај помасовно да ги обработуваат нивите.
Во моментов откупната цена се движи околу 20 денари за житните култури, но во екот на жетвата се очекува откупувачите и да ја намалат. Според Стојчов земјоделците се подготвени и да ги скалидаритаат житните култури, чекајќи подобра и повисока откупна цена.
За разлика од пченицата, нешто подобри приноси се очекуваат кај јачменот.